Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, по добиена судска наредба, на 14.11.2020 извршија претрес на дом кај П.Н. во Битола и при тоа се пронајдени четири килограми амфетамин, четири килограми марихуана, околу 4000 парчиња таблети екстази, околу 6.000 евра, дигитална вага, прибор за пакување на дрогата и други предмети.
П.Н. е приведен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Битола.

СВР Битола: запленети екстази, амфетамин и марихуана во Битола, приведен дилер
More from ВестиMore posts in Вести »
- Амбасадорката на Чешка во посета на Општина Битола
- Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети
- АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра
- Општина Битола: јавен оглас за давање под закуп киосци на автобуски постојки
- Четири години работа, од првата конструкција до денес – “Топ стеел инг”





