Тантаров работеше како новинар во Радио Битола, а беше новинар и во весникот за земјоделие „Трибина“.
Беше одличен познавач на состојбите во земјоделието, а сам се занимаваше со оваа дејност, а даде голем придонес во подобрувањето на условите за работа на земјоделците во секој поглед.
Тантаров е еден од иницијаторите за изградба на манастирот “Св. Богородица“ кај Новаци.
Погребот ќе биде денес во 12:30 часот во село Новаци.






