Press "Enter" to skip to content

Во Битола 44 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, починати двајца

Во последните 24 часа во Битола се регистрирани 44 нови лица позитивни на ковид-19, а има и 14 оздравени пациенти. Инаку во Македонија се направени вкупно 2.655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19.

Починати се 24 лица, два пациенти од Битола на 66 и 73 години во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од кои во Битола 14.
 
Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.050, бројката на оздравени пациенти е 27.364, на починати е 1.305, а бројот на активни случаи изнесува 18.381.
More from ВестиMore posts in Вести »