Денес, понеделник, 16 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Претпладне по одделни котлини магливо или со значителна ниска облачност. Максималната температура во Битола ќе достигне до 16 степени.
Утре, вторник, 17 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, по котлините магливо. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола ќе достигне до 14 степени.






