Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно, вечерните часови повремен дожд

Денес, вторник, 17 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно, магливо утро. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а во вечерните часови ќе има појава на повремен дожд кој ќе продолжи и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата до 14°С.

Утре, среда, 18 ноември во Битола времето ќе биде претпладне облачно со врнежи од дожд, позастапени на југоистокот. Попладне облачноста на места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 12°С.

More from ВестиMore posts in Вести »