Press "Enter" to skip to content

Вчера во Битола најголем број на позитивни на ковид-19 на дневна основа 67, оздравени 65

Вчера во Битола е забележан најголем број на позитивни лица на ковид-19 од почетокот на пандемија, вкупно 67 битолчани се нови заразени со корона вирус.

Исто така голем е бројот на оздравени пациенти, вкупно 65 битолчани се негативни на новонапревениот ковод-19 тест.

Инаку, во Македонија се направени 2.930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19.

Починати се 31 лица, од кои четири пациенти од Битола  на 71, 87, 44 и 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од кои најмногу во Битола 65.

Досега во земјата се направени вкупно 296.802 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48.613, бројката на оздравени пациенти е 28.646, на починати е 1376, а бројот на активни случаи изнесува 18.591.
More from ВестиMore posts in Вести »