Press "Enter" to skip to content

Горан Јошевски, основач и директор на “ЈК Травел“: славиме 14 години постоење, но овој период е тежок за целиот туризам

Деновиве, една од најпознатите туристички агенции во Македонија, “ЈК травел“ со седиште во Битола, а со одделенија во сите поголеми градови, прослави 14 години од своето постоење. Таа е една од најбрзорастечките компании од областа на туризмот не само кај нас во Македонија, туку и во поширокиот регионот. Оваа агенција предизвикот кој го донесе ковид кризата, го прифати како начин да се редефинира туризмот, реагирајќи брзо и на свој начин.

За тековните состојби, за работа на туристиките агенции во ковид кризата, за плановите, за новите аражмани… разговаравме со Горан Јошевски – основач и директор на “ЈК травел“ – Битола.Од вашите искуства колку се патува периодов, дали има интерес за патувања, кризата со корона вирусот, остави силна трага врз туризмот.

-Како некој строг учител, кој ни ги откри слабите точки и како на поединци, но и како на компании и организации, па и на самите држави. Со оглед на ситуацијата и затворените граници, периодов најмногу се патуваше во земјава. Луѓето ги користеа ваучерите “Дома си е дома“ за одмор во Охрид, Струга, Дојран, Маврово… како најпосакувани дестинации. На крајот на летото имаше голем интерес за Албанија, и многу наши клиенти, токму тука го поминаа летниот одмор, уживајќи на некои од дестинациите кои ги имавме во нашата понуда (Валона, Ксамил, Дерми, Драч..) Перцепцијата за ризикот е директно поврзана со одлуката дали и каде да се патува. Луѓето се уште се плашат од големата бројка на позитивни случаи во земјата, но и од одлуките кои се носат секојдневно, во однос на границите и мерките кои се превземаат за кризата со Ковид-19.

Каде се патува, какви аранжмани бараат вашите клиенти, што им е пресудно, дали имаат посебни барања?

-Се патува таму каде што не се бара негативен ПЦР тест. За 11 и 23 октомври беа актуелни екскурзиите за Истанбул и Будва. Посебни барања клиентите немаат, но секако дека се интересираат за здравствените протоколи во другите земји и мерките кои таму се активни а ние се трудиме да им ги овозможиме сите потребни информации кои им се потребни.Што нудите вие, какви аранжмани, цени, услуги, под какви протоколи?

-“ЈК Травел“ е првата агенција во Македонија, која уште во мај месец започна своја маркетинг кампања “Македонија каква што не ја знаеш”. Под овој хаштаг на социјалните мрежи можат да се најадат илјадници постови од нас, но и наши клиенти кои препознаа поинаква туристичка понуда. Оваа кампања беше пионерска, по која следуваа главно националните кампањи “Дома си е дома“ и слично. Вклучивме инфлуенсери, кои ги однесовме на интересни патувања низ Македонија, со цел да покажеме дека туризмот не е плажа во Охрид, и бесцелно шетање низ планина. Филмските локации низ Мариово ги ставивме на посебна понуда, тура со олдтајмер Буби автомобили за крстосување на североисток на Македонија се се уште на нашата понуда, готвење на камена плоча и зајдисонце на Кокино, планински велосипедизам со електрични велосипеди на Шара, јавање коњи во Крушево и параглајдинг… се само дел од понудите. Целта ни беше да ги натераме нашите жители да размислуваат на туризмот како на уживање во туристичко искуство, а не само уплати аранжман на место на кое сите одат. Конечно, оваа здравствена криза не научи да бараме мирни места, надвор од главниот туристички радар. Инаку “ЈК травел“ е агенција која има една од најбогатите понуди кога се во прашање туристичките класични аранжмани. Од она што моментално е актуелно можам да ги издвојам СПА понудите како за во нашата земја (Маврово, Охрид, Берово, Крушево) така и надвор од неа. Банско и Сандански секогаш биле број 1 кога се во прашање есенските и зимските пакети за нашите клиенти. Понудите ги имаме, но со оглед дека за патување во Бугарија потребен е тест ретко кој се одлучува да резервира во моментот. Со отворањето на границите има и интерес за патување во Србија. Пролом Бања, Врњачка Бања, Луковска Бања се само дел од местата кои ги имаме во понудата, а истата секој ден ја дополнуваме со нови места кои ги бараат нашите клиенти. Новитет во нашата понуда се СПА пакетите за Албанија. Овде има прекрасни места и хотели кои со нетрпение чекаме да им ги откриеме на сите љубители на патувањето. Албанија има многу напредувано во рурален и спа туризам. Кога се во прашање компаниите, за нив имаме тим билдинг понуди за земјава и странство со неверојатни искуства и доживувања. На секое патување кое се организира и реализира се запазуваат протоколите како во автобусите така и во хотелите каде се сместуваат клиентите. Секојдневно сме во комуникација со нашите соработници, а безбедноста и здравјето на нашите вработени и клиенти се наш приоритет во моментот. Ние сме агенција која е веќе позната по својот квалитет и достапноста до граѓаните со нашите канцеларии во Скопје, Битола, Штип, Кочани и Куманово. Имаме тим од 30 туристички работници кои беспрекорно ја вршат својата работа и сите кои патувале со нас го знаат тоа.Пандемијата нанесе силен удар врз туризмот, посебно туристичките работници и агенции… Како се справувате периодов и во што гледате спас, решение?

-Овој период е тежок за целиот туризам. Туризмот е исклучително чувствителна гранка, чувствителна и на природните и на општествените промени. Короната тоа го покажа на најсилен начин. Се сеќавате, како Турција и Египет се соочија со криза во туризмот поради нестабилни геополитички ситуации. Овој пат, глобалната пандемија го размрда цврстото убедување на западната цивилизација дека целиот Свет е наше игралиште, приземјен е авионскиот превоз, границите се затворија, сето тоа со намалена куповна моќ на луѓето по светот, доведе до големи промени со кои ќе мора да се носи нашата туристичка индустрија. Она што мора да го форсираме и за кое треба да наоѓаме решенија е да бараме поинаква, оригинална и безбедна понуда за нашите клиенти, а во тоа очекуваме сериозна поддршка од државата која со одреден сет мерки помогна, но треба уште поконкретни заложби од сите надлежни страни, овој наш ресор да опстои во време на тешка состојба за еден бизнис кој ако прикажеме преку бројки колку донел низ годините во оваа економија, ќе знаеме колку е значајно да опстои.

More from ВестиMore posts in Вести »