Во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19, од кои 92 лица од Битола се позитивни на ковид-19, соопшти министерството за здравство.
Починати се 26 лица, од кои четири пациенти од Битола на 35, 73, 55 и 82 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од кои во Битола 37.
Досега во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.






