Ако многумина битолчани патуваа од Битола до село Зович за да ги вкусат специјалитетите на Митко, во кафеаната “Кај мостот“ се село Зович, од денес ќе имаат најголем дел од нив и во Битола, во новоотворениот локал “Кај мостот“ во Старата Чаршија.
-Вршникот од Зович во сега во Битола го заменивме со тавче, а така и се вика менито кое сега им го нудиме на битолчани, “Се на тавче“. Имаме неколку специјалитети кои верувам дека ќе им се допаднат на битолчани, а би ги издвоил традиционалното свинско печење кои сега го подготвуваме на тавче, тука се и традиционалните кофтиња кои ретко кои можат да се најдат некаде, а како и во Зович ги имаме и домашните колбаси, вели Митко Крстевски, сопстеник на “Кај мостот“.
Прва тава ќе биде фаворит порачка, а во неа ќе има килограм свинска удина, кромид и суви пиперки, потоа печена свинска удини со компир, тава кај мостот во која име телешка и свинска удина и мелено месо со печурки, кромид, зеленчук, кашкавал, грав со ќофте, мусака, пилешка тава со ориз, грав, посна тава, е дел од менито на “Кај мостот“ во Битола.
Начинот на кој се готвеше во Зович сега е и во Битола, за што Крстевски вели:
-Начинот на работа останува ист. Ќе работиме по порачка, а секоја порачка ќе се подготвува посебно, односно во посебно тавче. Колку порачки толку тавчиња, за секоја храна посебно. Секој кој ќе нарача храна, ќе ја добие топло запакована во времето кое ќе го закажеме.
Покрај главното јадење, битолчани ќе имаат прилика да вкусат и доручек, без разлика дали ќе го носат дома или ќе јадам во локалот. Ќе има омлет, пржени лепчиња, изварка со јајце, сендвич со ќофте…
-Битолчани ќе можат да порачаат и набават и специјалитети од сирење. Би ги споменал пржено биено сирење, пржено бело сирење, каша со биено сирење, каша до биено сирење со лук, кој наши традиционални јадење кои ретко некаде се подтотвуваат, вели Митко Крстевски, кој додава дека битолчани ќе можат да порачаат и друга храна, пилешко, кременадли…

Специјалитетите од “Кај мостот“ во Зовиќ, од денес во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…





