И денес екипа на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола продолжи со подигнување на пронајдените неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна до трибината на градскиот стадион под Тумбекафе во Битола.
Според екипата која денес беше на терен под Тумбекафе во Битола и ги пренесуваше гранатите, до денед на пладне се извадени 4.500 гранати, а очекуваат бројката да се искачи до 10.000.
-Ова е линијата на поставеност на гранатите која продолжува кон патот. Ако оди до таму сигурно ќе има околу 10.000 гранати, но ако продолжува кон ридот бројката ќе биде многу поголема.
До се га имаме извадени 4.500 гранати, а маркирани за вадење и пренесување се 3.000 гранати, велат од Дирекцијата.
По товарањето во возило гранатите се носат во магацинот кој се наоѓа во старата Касарна во Битола, каде има физичко обезбедување, од каде ќе се носат во Криволак каде имаат термин за нивно уништување во декември.
При транспортот до магацинот се запазени сите процедури со полициска придружба и санитетско возило кое беше на самото место и додека се вадат гранатите.
Ова е првпат да бидат пронајдени толкав број неексплодирани средства во Македонија, велат од Дирекцијата.

До денес пронајдени 4.500 неекплодирани артилериски гранати кај стадионот во Битола, има можеби 10.000 и повеќе (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно и постудено, температурата до 13 степени
- Амбасадорката на Чешка во посета на Општина Битола
- Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети
- АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра
- Општина Битола: јавен оглас за давање под закуп киосци на автобуски постојки





