Поради големиот интерес за серолошко тестирање, како и за брзите тестови за КОВИД-19, Ве информираме дека од утре, сабота, 21.11.2020 година, Болница „Плодност“ во Битола воведува нов телефонски број, наменет исклучиво за закажување на термини за оваа намена.
Сите кои сакаат да закажат термин, може да се јават на 076/208-880.
Ви благодариме на разбирањето и се надеваме дека ќе ги почитувате нашите препораки на закажување и тестирање, во интерес за Вас како пациенти, но и за нашите вработени.






