Press "Enter" to skip to content

Училишни психолози со совети и добри практики на Едуино вебинар

Во оваа ситуација на пандемија улогата на училишните психолози, во давање на психолошка и емоционална поддршка е голема. Тие со оние кои излегуваат во пресрет на социјално-емоционалните потреби на учениците, родителите и наставниците.

На Едуино Вебинар кој се одржа на 10 ноември совети и добри практики на различни теми споделија училишни психолози Тања Алексова – Славковска од ООУ „Димитар Македонски“ општина Аеродром, Жанета Ристевска од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола и Елена Темелкоска од ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци.

На овој вебинар предавачите се задржаа на неколку теми важни за заштита, промоција и превенција на менталното здравје во училиштата во услови на пандемија, одговараа на прашања и дискутираа за начинот на кој може да се дејствува за да се постигне тоа. Предавањата со презентацiии на теми поврзани со менталното здравје на учениците: техники за намалување на стрес, развивање самопочит, справување со проблематична употреба на Интернет.Жанета Ристевска училишен психолог во ОУ Св. Кирил и Методиј“ од Битола на вебинарот презентираше актуелна тема „Учење за справување со проблематичната употреба на Интернетот“ за нејзиното учество.

-Темата на моето предавање актуелна, во условите на пандемија кога заради физичко дистанцирање и социјална изолација Интернетот овозможува витална комуникација и овозможи он- лајн настава. Покрај придобивките постојат низа опасности кои демнат во виртуелниот свет на овој вид комуникација. За последици од проблематична употреба на Интернетот кај децата и тинејџерите. Учниците поминуваат голем број сати пред екрани во текот денот за комуникација, користење на социјалнио мрежи, играње игри и он лајн настава. Истражувања покажале дека постојат потенцијални зaвисности и опасности од некои он лајн активности. Тоа се интернет зависност, сајбер насилство, опасни игри на компјутер, влијание на ју- тјубери, тик-токери, гејмери, и досегашните искуства позитивни и негативни од он лајн настава беа опфатени како теми низ предавањето со совети и добри практики. Добрите практики се дел од искуства од низа едукативни работилници со ученици, родители и наставници. Заклучокот е дека се наоѓаме пред нов предизвик на истражување на нови теми за последици од онлајн животот на учениците вo време на пандемија.

Директорот на училиштето Душко Костовски за учеството на овој вебинар изјави:

-Вебинарите на Едуино претставуваат интерактивни настани со можност да се следат предавања, но и да се споделат добри практики и совети. Со своето предавање психологот на училишето сподели добри практики кои произлегоа од активности од професионалната заедница за учење „Култура на однесување на Интернет и социјалните мрежи“ низ кои ги едуциравме учениците за опасностите кои произлегуваат од проблематична употреба на Интернетот. Ги подржувам сите иницијативи на активно вклучување на нашите стручни соработници и наставници во вебинарите на Едуино платформата.

На овој вебинар кој беше наменет за психолози, останати стручни соработници и наставници од основните училишта, учествуваа голем број учесници. После презентациите предавачите одговараа на прашања кои ги поставауваат учесниците додека го следат вебинарот. Вкупниот број учесници беа 500 колку дозволува Едуино платформата, а останатите учесници вебинарот го следеа на You tube канал, каде е постевен.

More from ВестиMore posts in Вести »