Press "Enter" to skip to content

Денес 1.039 нови позитивни на ковид-19, во Битола 41

Во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во, од кои во Битола се 41 нови позитивни на корона вирус.

Починати се 15 лица, од кои еден пациент од Битола  на 64 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти, но нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56.164, бројката на оздравени пациенти е 33.892, на починати е 1.561, а бројот на активни случаи изнесува 20.711.

More from ВестиMore posts in Вести »