Press "Enter" to skip to content

Министерот Филипче побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Министерот за здравство д-р Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница. 

-Ова е побарано по денешните објавените фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти, соопшти министерството за здравство.

Директорката  на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска во текот на денот информирала во Министерството за здравство дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.

-Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето, согласно Законот за здравствена заштита, а од таа причина телото на починатиот не можело  да се пренесе во болничката мртвачница.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

More from ВестиMore posts in Вести »