По реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, ОУ “Св. Кирил и Методиј“ – Битола ги известува граѓаните на општина Битола со следното соопштение:
-За греење во овие услови се користи топловодното греење, кое работи на тврдо гориво (дрва), а заради воведените мерки и протоколи на заштита од вирусот ковид-19.
Препорачано е, да нема користење на инвертер клими и вентилатори за греење на просториите, затоа што тие би извршиле ширење на вирусот во работните простории,(доколку го има).
Од тие причини не се употребува новото греење на електрична енергија (конфејлери), кое беше поставено минатата година.






