Press "Enter" to skip to content

Центарот за човекови права “АМОС“ денот на детето го одбележа во ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола (фото)

Центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, секоја година го одбележува Меѓународниот ден на детето 20 ноември на свечен начин. Оваа година во период на пандемија се организираше скромно со строго почитување на сите мерки на заштита со настан во ОУ „Св Климент Охридски“ во Битола.

За настанот и активностите Билјана Темелкова Бејковска, секретар на Центарот за човекови права „АМОС“ од Битола изјави:-„АМОС“ – Битола е дел од Меѓународната мрежа на организации, лансирана од страна на WWSF Women's World Summit Foundation. Оваа година, во период на пандемија, со почитување на сите препораки и протоколи за одржување на овој вид настани го одбележуваме Меѓународниот ден на детето, по иницијатива на директорката на ОУ „Св.Климент Охридски“-Битола Гордана Анастасова која излезе во пресрет за организирање на овој настан. Со просторните можности кои дозволуваат ова училиште за запазување на дистанца, да го организираме со ученици кои посетуваат настава со физичо присуство.

Во активностите на настанот кој го организиравме акцент беше ставено на грижа за менталното здравје на децата како приоритет во остварување на детските права оваа  година на пандемија.Заради ова беше одржана работилница со учениците од трето одделение кaj наставничката Снежана Стојанова во која беа вклучени и психолози.

Работилницата беше организирана во три дела. Првиот дел го водеше Жанета Ристевска, психолог во ЦОУ „Св. Кирил и Методиј“- Битола. Во тој дел децата на интересен начин се поттикнаа да зборуваат, препознаат негативни чувства и учеа техники за справување со анксиозност т.е. за состојби на напнатост и страв (техники за развивање вештини за справување со непријатни животни ситуации).Во вториот дел, кој го водеше Билјана Темелкова-Бејковска, секретар на Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола, на интерактивен начин, децата учеа за детските права и обврски.

Во третиот дел, Кети Секуловска, психолог од ова училиште, на интересен и практичен начин им покажа на децата дека меѓусебната соработка секогаш води кон успех.

Директорката Гордана Анастасова изјави дека во овие услови на он лајн активнсти на радост на сите учениците, наставникот, психолозите кои учествуваа во настанот за успешното реализирање.-Активностите беа организирани во нашата трпезарија која овозможува дистанцирање на сите, со што се запазија сите мерки на заштита и протоколи за одржување на вакви активнсоти. На крај сите добивме задоволни и радосни ученици кое е најзначајно во ова време на пандемија и сите тешкотии кои ги носи со себе во организирање на воспистно образовниот процес.

Активностите на Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола продолжуваат во иста насока и во иднина. Како следни активности ги најавуваат издавањето и промовирањето на прирачникот за образование за човекови права „Компас“, публикација на Совет на Европа.

More from ВестиMore posts in Вести »