Денес, среда, 25 ноември, во Битола денот го започнавме со студено утро, а според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата во Битола до 11°С.
Утре, четврток, 26 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со мала локална облачност и претежно тивко. Наутро ќе е студено и ќе има услови за појава на магла. Температурата во Битола до 10°С.






