Денес, петок, 27 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево во утринските и во претпладневните часови. Температурата во Битола до 13°С.
Утре, сабота, 28 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата во Битола до 12°С.






