Дел од општинскиот кризен штаб, денес преку електронски пат, одржа седница со цел
да се увиди моменталната состојба со КОВИД-19 на територијата на Општина Битола.
Директорките на здравствените установи потенцираа дека бројот на лица позитивни на
вирусот постојано расте, а се шири и меѓу здравствените работници. Медицинскиот
персонал е веќе на работ на можностите, а и меѓу нив се зголемува бројот на лица кои
се во изолација и не можат да дадат придонес на работните места.
Се дискутираше и за можноста да се дадат одредени насоки за поголема поддршка и
побрза реакција во периодот кој што следува.
Општинскиот кризен штаб како заклучок наведе дека ќе испрати барање до Комисијата
за заразни болести и Министерството за здравство, да се даде препорака до Владата за
воведување построги рестриктивни мерки во работењето на субјектите, во кои што има
поголема фреквенција на движење и престој на граѓани.






