Вечерва во 18 часот Опптинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола организираше протест со автомобили, поради пандемијата, кој започна од пред зградата на СДСМ во Битола.
Протестот беше организиран под мотото “Оставка на Заев, слобода на народот“ продолжи по улиците “Кирил и Методиј“, Булеварот “1-ви Мај“, “Васко Карангелевски“, “Партизанска“, и на крај по “Климент Охридски“ за да заврши пред споменикот на Стив Наумов, кај Офицерски.
Пред почетокот на протестот пораките ги упатија претседатеот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола, Иванчо Тошевски и Владимир Ѓорчев, кој рекоа дека овој контекст е надпартиски и општонароден, протест на сите кои ја сакаат Македонија и против најголемото зло кое и се случува на Македонија.
-Ова е изворен и оправдан револт, време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро, беше речено на протестот.

Протест на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола со автомобили (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)
- Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа (фотогалерија)
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени





