Во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, а регистрирани се 1.022 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 48, лица кои се позитивни на ковид-19.
Со денешните бројки во Битола до сега има 1.980 лица кои биле позитивни, а активни се 851 случај.
Во последните 24 часа во Центарот за јавно здравје во Битола се направени 78 тестови.
Починати се 41 лице, тројца пациенти од Битола на возраст 75, 60 и 77 години во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од кои во Битола 28.
Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519.






