Press "Enter" to skip to content

Денес 820 нови случаи, во Битола 58 нови позитивни на ковид-19, оздравени 18, починати тројца

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 од кои во  Битола се 58 нови позитивни на ковид-19.

Вкупно до сега има во Битола 2.041, а  активни се 891 лице. Во Центарот за јавно здравје вбо Битола се направени за 24 часа,  108 тестови за ковод-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од  кои од Битола се 18 пациенти.

Починати се 32 лица, тројца од Битола на 77, 53 и 62 години во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи изнесува 21.412. 

More from ВестиMore posts in Вести »