За хуманиот гест кој добитничката на 4-то ноемриската награда, Лидија Тфирст Митревска, директорка на ОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола, Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ од Битола преку нивната официјална “фејс бук“ страница искажаа јавна благодарност.
Лидија Тфирст Митревска финансиските средства добиени од 4-то ноемвриската награда на општина Битола ги искористи за купување на термометри кои денес ги донираше во болницата.






