Press "Enter" to skip to content

Вчера во Битола нови 34 лица позитивни на ковид-19 од вкупно 336

Околу полноќ Министерството за здравтсво ги објави бројките поврзани со ковид-19, бо кои стои дека во последните 24 часа биле направени 1.181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола 34 лица, нови позитивни на корона вирус.

Починати се 32 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 332.286 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.878, бројката на оздравени пациенти е 38.946, на починати е 1.763, а бројот на активни случаи изнесува 21.169.
More from ВестиMore posts in Вести »