Во врска со пронајдените неексплодирани убојни средства при изведување на градежни работи на Градскиот стадион, место викано „Под тумбе кафе“ во Битола, денес во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа координативен состанок со претставниците од Армијата и МВР за организирање на активности за уништување на средствата.

Договорено е се сите подготвителни мерки и активности, согласно законските прописи и процедури за уништувањето на пронајдените гранати, на армискиот полигон во Криволак.

Поради големото количество на неексплодираните средства Дирекцијата за заштита и спасување од Армијата побара поддршка за транспорт, а се извадени и складирани околу 12.000, иако проценката беше дека има повеќе, а се ставуваше дека има и по патот.






