Press "Enter" to skip to content

Новиот француски амбасадор во посета на УКЛО – Битола

НЕ г-динот Сирил Бомгартнер, амабасадор на Франција, за време на својата посета на Битола, оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски.

Во текот на пријатната получасовна средба двајцата соговорници уште еднаш ги потврдија исклучително добрите релации помеѓу Универзитетот и Француската Амбасада во земјата. Како потврда за оваа академска соработка е и членството во рамките на најголемата универзитетска мрежа АУФ, проектните апликации што се веќе реализирани и кои ќе се реализираат во наредниот период, соработката во рамките на Еразмус +програмата и сл.

Ректорот Коруновски го запозна Амбасадорот Бомгартенер со личната карта на УКЛО, зборуваше за структурата на Универзитетот и за некои аспекти во високообразовната понуда што го градат посебниот, специфичен институционален профил како што се техничките, економските науки, со посебен аспект кон  науките во областа на туризмот и безбедноста, за кои Амбасадорот пројави посебен интерес. Дополнително, Амбасадорот изрази желба и подготвеност за идни средби и контакти и во тој контекст, и за одржување предавања на теми од заеднички интерес пред студентите на УКЛО.

Посетата на  Битола, а во тие рамки и на Ректоратот, е прва на агендата на дестинации на амбасадорот во краткиот период по неговото доаѓање во нашата земја.

На средбата присуствуваше и новоизбраниот претседател на сенатот проф. д-р Пеце Николовски, како и почесниот конзул на Франција, раководител на Сектор во централната служба на УКЛО, г-ѓа Калиопа Стилиновиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »