Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: застрелан ловџија во Канино, повреден работник при работа на објект

На 02.12.2020 во 10.17 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од огнено оружје бил донесен Ј.К. – 35 годишник, ловџија од село Канино, битолско. Полициски службеници извршиле разговор со Д.С. (36) од с. Бистрица и Р.Ј. (55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на село Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.12.2020 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни работи во објект во изградба на патот Битола-Ниже Поле, 51 годишник од Битола се здобил со повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »