Денес, преку каналот “you tube“ е промовирана најновата песна на Сефедин Бајрамов од Битола, насловена “Животот и јас“, за која текстот го напиша Валентин Соклевски од Битола, а мизиката и аражманот ги направи, исто така човек од Битола, Кире Костов.
Заедно со промоцијата на песната, денес и објавен и видео запис за “Животот и јас“ кој го изработи Дарио Јанковиќ, кој исто така го изработи и видео записот за претходната песна на Бајрамов, “Еден ден ти ќе ме бараш“, пред три години во 2017 година.
За жал, вели Бајрамов, поради состојбата со корона вирусот се одлучил на ваква промоција, но како додава штом се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и непосредна промоција.
-Имам многу обожаватели, кои како рекоа се скратени со тоа да уживаат во добра промоција, како што беше пред три години во Центарот за култура во Битола, но јас слободно ќе им кажам дека сум должен на сите, за досегашната поддршка и ветувам добра промоција во која сите ќе уживаме, вели Сефедин Бајрамов.






