Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 73.
Во Центарот за јавно здравје во Битола во изминатите 24 часа се направени 57 тестови.
До сега во Битола забележани се 2.329, а активни се 971 случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти од кои од Битола се 42 пациенти.
Починати се 30 лица, двајца од Битола на 62 и 67 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66.330, бројката на оздравени пациенти е 42.241, на починати е 1.877, а бројот на активни случаи изнесува 22.212.






