По повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ОУ “Св. Климент охридски“ во Битола во соработка со дефектологот на училиштето и Лајонс клубот Кабадаја од Битола, факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“, организираа работилница со учениците од прво одделение под одделенско раководство на наставничката Жанета Лутовска.
Професорката доц. д-р Горица Поповска Налевска ги запозна најмалите ученици со светот на различностите и посебностите на децата со попреченост.
На работилницата преку читање и дискусија на едицијата сликовници „Децата го менуваат светот“ чии автор е професорката Горица, учениците на сликовит, креативен и конструктивен начин беа воведени во структурата и главната идеја на сликовниците во кои главни ликови се деца со различни попречености. Преку сликовниците кои се со поучен карактер беше испратена силна порака за децата од аспект на развивање на моралните вредности, емпатија и алтруизам.
Преку приказните кои ги пренесуваше професорката Горица, првачињата дознаа за значењето на различностите, другарството и почитувањето, да покажат трпение, љубезност и да се однесуваат со почит кон лицата со попреченост.
Своите впечатоци учениците ги претставија на цртежи преку кои се подготви ликовна изложба во училиштето.
На крај учениците симболично во знак на поддршка пуштија балони во училишниот двор сo мотото, “Обоиме во пријател“.

“Обоиме во пријател“ работилница на Лајонс клубот “Кабадаја“ и Славјански Универзитет во ОУ “Св. Климент Охридски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд, температурата до 25 степени
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)
- Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа (фотогалерија)
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша





