Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Пеце Николовски од Економски, претседател на Сенатот на УКЛО-Битола

Со тајно гласање и постапка во согласност со Законот за високото образование и Стаутот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, на  185 конститутивната  седница на Универзитетскиот сенат  верификуван е мандатот  на новите членови  во највисокиот орган на управување  и стручен орган на Универзиотетот.  

На седницата проф. д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет од Прилеп е  избран  за претседател на Сенатот. Мандатот на сенаторите е три години, a нa претседателот на Универзитетскиот сенат  и на претставниците од студентите една година.

Постапката за избор на Претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.

More from ВестиMore posts in Вести »