ЈП “Стрежево“ – Битола, кое стопанисува со ски-центарот кај Ниже Поле, за стартот на работата соопшти:
Почитувајќи ја последната одлука на Владата со која се дозволува отварање на ски-центрите, ние од денес, сабота 05.12.2020 продолжуваме со работа.
Чајџилницата, почитувајќи ги сите протоколи поради Ковид пандемијата ќе работи преку шалтер.
Го очекуваме и снегот и заедно да се радуваме на истиот, почитувајќи ги сите препораки за носење на маска, држење на дистанца, дезинфекција и сл.
Ние сме спремни по сите протоколи…!!!











