Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно, вечер врнежи

Денес, недела, 6 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни. Температурата во Битола до 14°С.

Утре, понеделник, 7 декември, во Битола времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, на места поројни (над 35 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата во Битола до 10°С.

 

More from ВестиMore posts in Вести »