Во последните 24 часа се направени 1.715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се регистрирани 46 лица позитивни на ковид-19.
Во Центарот за јавно здравје се направени 43 тестови за корона вирус, а со денешните бројки во Битола досега има 2.419 лица кои се или биле позитивни на ковид-19, а активни се 975 случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од кои во Битола се 28.
Починати се 23 лица, четири од Битола на 67, 59, 79 и 70 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398.






