Press "Enter" to skip to content

Во Битола 7 нови позитивни на ковид-19, оздравени 30, починати 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на Kовид-19, од кои во Битола се  7 лица позитивни на корона вирус.

Со последните бројки во Битола до сега има 2.426 случаи, а активни се 950.

Вчера во центарот за јавно здравје не беа правени тестови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти од кои во Битола се 30.

Починати се 25 лица, двајца од Битола  на возраст од 47 и 74 години во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678.

 Инфективна клиника-3, ГАК-26, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -42, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид -19.

More from ВестиMore posts in Вести »