Денес, понеделник, 7 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а до крајот на денот се очекува на повеќе места да наврнат над 15. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во Битола до 9 степени.
Утре, вторник, 8 декември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност со можна појава на магла. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд. Максималната температура во Битола до 10 степени.






