Press "Enter" to skip to content

Одбележан патронатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола

По повод 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО – Битола  се одржа свечeната седница на Сенатот и Управата, по електронски пат. На пригодниот настан се обрати Министерка за образование и наука, г- ѓа Мила Царовска која нагласи дека УКЛО се вклучува кон споменот на далеку познатата книжевна школа и дека квалитетот на академска успешна соработка освен во делот на студентската размена се надополнува со критериумите насочени кон знаење, компетитивност и професионални стандарди.Во одбележувањето, проследено е видео обраќањето на проф. д-р Анастас Герджиков, ректор на Софискиот Универзитет, како дел од заедничкото чествување за просветителот со што симболично е нагласена академската поврзаност. Претходно, ректорот на УКЛО – Битола, Коруновски на 25. ноември,кога чествуваше софискиот универзитет, имаше видео обраќање и упати порака за поттик и интензивирање на меѓусебната соработка.

Во поздравната реч по повод Патронот, ректорот на УКЛО- Битола, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека:-Да, денес е нашиот DIES UNIVERSITATIS. И ние сите, убеден сум, ја споделуваме гордоста носејќи го иметона патронот, СветиКлимент Охридски, а со овој и другите настани што ги организирамесе придружуваме кон бројните институции и установи што во државата, а и пошироко,кои го празнуваат споменот на творецот на далеку познатата Охридска книжевна школа. Денес, повеќе од еден милениум подоцна, во регионот на лулката на Првиот словенски универзитет , живеејќи во едно друго време, време на брз развиток на технологии и неограничен проток на информации, когапотребата за образование, усовршување и напредок, станува повеќе од секогаш императив во живеењето на секој поединец,нашиот универзитет,своето функционирање го заснова врз креирање на такво опкружување во коешто образованието на секој млад човек, на секоја индуивиудуа,претставува наша долгорочна мисија, но и наша секојдневна задача. Нашите 12 членки претставуваат интелектуална база за развој и воспоставување партнерски односи со значајни стопански субјекти и локални самоуправи во Регионот на сопственото делување. Секако, тука е уште една мошне значајната компонента, а тоа е меѓународната соработка – со одржување напостоечката и градење нови мостови на соработка со универзитетите, се јакне мрежата чијашто примарна цел е да се овозможи мобилност на студентите и кадрите, но и трансфер на знаења, вештини и современи технологии.

Како универзитет, како експониран дел од општеството,да ја трансформираме кризата во уште една можност за развивање на нашите капацитети за креативност, иновативност,и да се навратиме на фундаментите на нашата универзитетска мисија: дасоздаваме, пренесуваме знаење, да пренесуваме имобилизираме вештини, да излеземе од познатите патеки, и да предлагаме решенија во служба на општеството и на пошироката заедница. Тоа бара, и продолжува да бара многу енергија, огромна енергија, тоа ги истакнува и нашите слабости, нашата ранливост и кршливост, индивидуална и институционална. Но она што можеби е најзначајна лекција од оваа криза, тоа е апсолутната потреба за солидарнист и колективен, заеднички пристап.

Секогаш кога сме се покажале солидарни како поединци, како установи, институции, секогашсмепостигнале брз напредок. И тоа е онашто треба и понатака да се негува. Да се знаат силните страни, но особено да се знаат слабостите, тоа овозможува да се оди напред. И тука е предизвикот, тука е можноста, да се вратиме на она што е есенцијално во нашите мисија, да се осмелиме да излеземе од рамките, да продолжиме да работиме, да делуваме, да соработуваме, да бидеме солидарни. Само такаи само тогаш, оваа криза ќе претставува вистинска можност за нашиотуниверзитет и за нас како негов дел, дапораснеме, да се развиваме, да се менуваме и обновуваме, за да станеме подобри,поуспешни,индивидуално и колективно.

Но, да не заборавиме дека восуштината на секоја успешност, значајно место припаѓа и на феноменот на припадност. Да се припаѓа на еден Универзитет, на еден специфичен академски систем на вредности, тоа значи да се споделуваат сите аспекти назначењето, рејтингот, позиционираноста, влијанието и угледот. Таа филозофија е вткаена во мисијата на секој успешен универзитет, што сесрдно се труди на своите студенти пред сė да им го разви тоа чувство, што се темели на реалните достигнувања и угледот на сопствениот универзитет.Инаку, УКЛО организира и низа други активности со кои го одбележува Патрониот ден. Од 3 – 5 декември се одржа заедничка научна интердисциплинарна конференција со Софискиот универзитет на тема „Димензиите на компетенциите“ што ќе резултира со издавање заеднички зборник на трудови.Промовирано е електронско издание на книгата „КОВИД 19 И БЕЗБЕДНОСТА, РЕГИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НОВИ ДРЖАВНИ АКТЕРИ“ од професорите Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, Татјана Дронзина од Софискиот Универзитет и Драган Ѓукановиќ од Белградскиот Универзитет Новиот француски амбасадор Бомгартнер реализира посета на УКЛО и одржа средба со ректорот на која се потврдени исклучително добрите релации помеѓу Универзитетот и Француската Амбасада.

Во среда, на 9 декември УКЛО и Националната агенција за европски образовни програми организираат Еразмус + Форум.

Во чест на св. Климент, делегација од раководството на УКЛО положи цвеќе пред споменикот, во дворот на Ректоратот.

More from ВестиMore posts in Вести »