Press "Enter" to skip to content

Гордана Анастасова, директор на ОУ “Св. Климент Охридски“-Битола: “Епидемија на љубовта не обедини сите“

Жанета Ристевска

-Пандемијата предизвикана од ковидвирусот ни наметна нови правила на живеење, но истовремено уште повеќе нè обедини, нè зближи… Меѓу учениците и наставниците има поголема соработка, почит, меѓусебно помагање.

-Чествување на патронат со силна порака  “Епидемија на љубовта не обедини сите“

ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола е училиште кое го носи  името на нашиот голем просветител, учител, педагог го прославува својот патрон на 8 декември. Оваа година патронат во услови на пандемија со силна порака “Епидемија на љубовта не обедини сите“ на кое твореа учениците низ литературен и ликовен конкурс. Директорката во ова училиште во Битола, Гордана Анастасова ја продолжува успешната училишна традиција со поттикнување и реализација на низа проекти, настани, активности… Оваа учебна година  пред голем предизвик да се организира наставниот процес во време на пандемија и да се одбележи овој свечен ден и прослава на името Климентово.Пандемијата предизвика огромни промени во сите сфери, така и во образованието. Кажете ни повеќе околу ова кој беше предизвикот да се биде директор на едно од најголемите училишта во Битола во услови на нова реалност?

-Ова не е ситуација во која се наоѓаме затоа што сакаме, туку затоа што мораме и затоа треба достоинствено  да се носиме со ситуациите коишто се пред нас. Образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Ковидот ни наметна нови правила. Но, јас велам не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите  да ги следите своите соништа како што ние нема да дозволиме. Пандемијата предизвикана од ковидвирусот ни наметна нови правила на живеење, но истовремено уште повеќе нè обедини, нè зближи. Меѓу учениците и наставниците има поголема соработка, почит, меѓусебно помагање. Наставниците покажаа исклучителна општествена одговорност, посветеност и храброст да се соочат со реалноста и индивидуално и колективно да изнаоѓаат решенија.Годината која измина иако во вонредни услови, се направија низа успешни проекти за кои и се пишуваше. Кажете ни повеќе околу ова?

-Оваа училишна година навистина е различна, Ковидот ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите  да ги следите своите соништа како што ние нема да дозволиме. Напротив,  продолжуваме да редиме успеси, да реализираме активности, проекти, настани, без разлика дали наставата се одржува онлајн или со физичко присуство.  Јас  силно верувам дека заедно ќе ја направиме уште поуспешна! Образовниот процес тече соодветно условите, а ние продолжуваме да го унапредуваме и да создаваме подобри услови за работа: отворивме медијатека за одделенска настава, реализиравме низа мобилности како дел од Еразмус проекти, осветлувањето во училниците  целосно е заменето со лед – светилки, направивме уште едно пријатно катче во училишниот двор, нашата втора „Училница во природа“ за што добивме признание од SHE европската мрежа за здрави училишта, поставивме клупи во училишниот двор, но најважно е што обезбедивме услови сите ученици да можат да го следат образовниот процес – некои со физичко присуство, некои онлајн.Оваа 2020  триесет и први пат  се слави името на  големиот просветител, учител, педагог Св. Климент Охридски.  Прв пат на поинаков начин. Кажете ни повеќе околу активностите за прослава на патрониот празник со порака „Епидемијата на љубовта не обедини сите“ која на достоен начин го отслика и  одбележа овој патронат во поинакви услови?

-Цела недела беа организирани различни активности, тука  ќе ги споменам кои беа и дел од учесниците во нив. Беше организирано   Онлајн литературно читање по повод патронот на тема „Епидемијата на љубовта не обедини сите“кое како што рековте го одбележа патронатот и стана некој вид порака Гости на литературното читање беа и збратименото училиште „Григор Прличев“ од Охрид. По повод Денот на нашето училиште, се одржа on line работилница на тема „БУЛИНГ“. Оваа работилница ја организираа членовите на Училишниот Парламент Ева Димовска и Елена Тунтевска, заедно со одговорниот наставник Бојана Димовска Гоновска. На работилницата  присуствуваа и директорот на збратименото училиште Григор Прличев од Охрид, Ивана Маховска заедно со одговорниот наставник на нивниот училиштен парламент Марина Танасоска и неколку ученици. Присутни беа и гости од други образовни институции како – Претседавачот на Советот за превенција на детско претстапништво- психолог Марија Филиповска, психологот од гимназијата ЈБТ Лидија Споа,  Секретарот на Советот за превенција на детско претстапништво Билјана Додовска Ѓоргиев. Низ активностите беа доделени и  дипломи за ликовен и литературен конкурс и беше снимено  видео.На крај порака од Вас 

-Сите вие кои ја следите наставата во училиштата, сакам да ви порачам да ги почитувате мерките за лична заштита од  ковидвирусот, зашто штитејќи се себе си ги штитите вашите најблиски во училиштата, но уште поважно и надвор од нив. Да се надеваме дека за брзо време повторно сите ќе се вратиме во училишните клупи, повторно во училиштето ќе се вратат детските насмевки, ќе се слуша детскиот џагор. Затоа   ви посакувам добро здравје, многу љубов, почит и разбирање. Честит да ни биде Денот на училиштето, да славиме уште многу Патронати, но во нашата природна средина – училницата, зашто наставникот го личи меѓу своите ученици во училишните клупи.