Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола облачно со пообилни и со можни поројни врнежи

Денес, среда, 9 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде облачно со пообилни и со можни поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2) , а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 10°С.

Утре, четврток, 10 декември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 11°С.