Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се регистрирани 8 лица кои се позитивни на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од кои од Битола се 33 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579






