Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.114 тестирања, а регистрирани се 1.161 нови случаи на Ковид-19, од кои во Битола се 75.
До сега во Битола има 2.589 позитивни лица, а активни се 901 случаи.
Во ЦЈЗ Битола беа направени вкупно 77 тестови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од кои во Битола се 62 пациенти.
Починати се 26 лица, еден од Битола на возраст од 61 година во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72.044, бројката на оздравени пациенти е 48.170, на починати е 2.077, а бројот на активни случаи изнесува 21.797.






