Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа и е во тек 64-та седница на Советот на Општината Битола, која се одржува “он-лајн“ преку апликацијата ZOOM.
На денешната седница се расправа по следниот дневен ред:
1. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2020 година.
2. Одлука за пристапување кон измени и дополнување на Статутот на Општина Битола.
3. Одлука за реконструкција на коловоз на локален пат за с.Брусник, с.Крклино до Горно Оризари и с.Барешани со користење на средства од Меѓународна Банка за обнова и развој – Светска Банка.
4. Одлука за усвојување сообраќајна студија и идеен сообраќаен проект со динамичка микроскопска симулација и организирање на режим на сообраќај во централно градско подрачје со граници на опфат (на север Булевар 1 ви Мај, на запад улица Кузман Јосифовски,на југ улица Солунска и исток улица 4 ти Ноември)
5. Одлука за прифаќање на отстапениот одземен предмет – товарно моторно возило со правосилна пресуда без надоместок на Општина Битола и давање на трајно користење на ЈОУ Зоолошка градина Битола
6. Одлука за давање на времено користење со надоместок на простории- канцеларии, сопственост на Општина Битола во објект на УЗ „Вељко Влаховиќ“ на Државната иснпекција за труд Скопје ПЕ Битола.
7. Заклучок за усвојување на Извештајот од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди во Општина Битола настанати од невремето, пороен дожд на ден 04 јули 2020 година.
8. Програма за работа на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола за 2021 година.
9. Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување ОУ „Елпида Краманди“Битола за 2020 година.
10. Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување ОУ „Трифун Пановски“Битола за 2021 година.






