Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

Во минатата статија зборувавме дека секогаш е најдобро да се поврземе со нашите најблиски, оние со кои го делиме и нашиот живот кои ќе ни помогнат да ја зацврстиме нашата самодоверба. Лесно е да се чувствуваме лошо доколку потрошиме време, нерви и енергија со лица кои лошо не третираат или не не ценат. Затоа е потребно секогаш да направиме чекор нанапред и да се дадеме себе си во конекции со луѓе кои не третираат онака како што ние очекуваме да бидеме третирани. Ова помага во развивање на нашата самодоверба и позитивно размислување. Воедно ќе го оспори негативното размислување кое може да се појави кај сите нас во одреден период од животот.ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА ИЗБЕГНУВАМЕ НЕГАТИВНИ АВТО-РАЗГОВОРИ!?

Секако дека е потребно да избегнуваме негативни само-разговори. Негативниот разговор за себе предизвикува негативна слика за себе, што го зголемува чувството на депресија и вознемиреност. Ова се истите чувства што најверојатно се обидуваме да ги избегнеме на прво место. Факт е дека сите ние помалку или повеќе користиме негативен разговор со себе, за да се мотивираме да се промениме или подобриме во одредена област од нaшиот живот. Веројатно ова е еден вид на само-казна за наши одредени грешки и недостатоци кои сите ние ги имаме. Некогаш сме разочарани, па ова е еден вид казна која сами на себе си ја задаваме и поради тоа си го менуваме комплетното расположение со мисла и цел дека ќе се чувствуваме подобро.

Првиот чекор за креирање на здрава самодоверба е идентификацијата дека во одреден момент предизвикуваме лошо, негативно само-верување за себе. За ова навистина е потребно да сме ментално спремни, објективни, реални, длабоко самосвесни кон себе си за да го идентификуваме како појава.

Првиот чекор кон успехот и подобрена самодоверба е идентификување на проблемот. Секако после тоа е потребно да самите делуваме на себе си. Ресурси има многу за самопомош  во денешно време. На прво место се секако книги кои често се базирани на когнитивна бихевиористичка терапија. Преку читање на ваков вид на литература ќе ги продлабочиме нашите знаења на ова поле. Би напоменала дека тука не спаѓаат социјалните медиуми бидејќи во овој случај можно е да имаат и несакан ефект.

Зошто? Секој од нас е уникатен и различен. Секој од нас има своја внатрешна убавина, свои доблести и маани. Луѓето на социјалните медиуми споделуваат се и сешто. Тоа не е реална слика со која некој е потребно да се споредува. Секој е добар за себе онолку колку што ќе реши да биде.

НАПОМЕНА:

Доколку кај себеси идентификуваме ваква појава тоа води до измачување и деструктивност. Нашиот живот е еден и единствен, даден од бога. Негативното размислување никогаш нема да ни поттикне позитивна енергија. Потребно е да се сакаме себе си онакви какви што сме и секогаш да се стремиме да утре бидеме подобри од денес.ДА БИДЕМЕ САМИ СВОЈ ПРИЈАТЕЛ

Мислете позитивно за себе. Следниот пат кога ќе започнете да го проценувате вашето однесување, размислете дали би разговарале со пријател на тој начин? Ако не, тогаш зошто зборуваме со себе си на тој начин? Нашата самодоверба е оштетена секогаш кога ќе донесеме негативни проценки за своите постапки. Следниот пат кога ќе започнеме да бидеме нељубезни кон себе, добро би било да пробаме да го примениме правилото за пријателство.

СОВЕТ:

Ако не би го кажале тоа на пријател, тогаш нема да си го кажеме тоа ни на себе си.ДА НАУЧИМЕ ДА СЕ ПРИФАТИМЕ СЕБЕ СИ!

Да прифатиме каде сме, кои сме на местото кое се наоѓаме сега и денеска без оглед дали е тоа физички, ментално, емоционално или духовно. Ова е еден од најважните начини на кои можеме да ја предизвикаме нашата мисла дека треба да се однесуваме поинаку. Прифаќање значи да се запознаеме себе си таму каде што сме во нашиот живот, во моментов. Најумно е да си простиме на себе за разочарувањето или неуспехот што може да го доживееме. Нашите грешки не не дефинираат, затоа да престанеме да им даваме моќ.

СОВЕТ:

Сè уште можеме доколку имаме желба да се промениме. За сите консултации, on-line предавања на оваа но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitute.eu или да го посетите нашиот веб сајт: 

 www.euinstitute.eu

©Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.Пријава на директен линк:

https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/ПРИНЦИПИНАЖЕНСКАИМАШКАДЕЛОВНОСТ

More from СоветиMore posts in Совети »