Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 45 нови позитивни на ковид-19, од двкупно 982, оздравени 30, починато едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2805 тестирања, а регистрирани се 982 нови случаи на ковид-19 од кои во  Битола се 45.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти од кои од  Битола се 30.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа починати се 19 лица од кои еден пациент од Битола  на 86 години во болнички услови.

Денес во ЦЈЗ Битола се направени 79 ковид-19 тестови.