Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се регистрирани 23 лица позитивни на корона вирус.
Со овие бројки во Битола досега има 2.654 лица кои биле или се позитвни на ковод-10, а активни се 889 случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од кои од Битола се 43 лица.
Во ЦЈЗ Битола се напаравени 96 тестови за ковид-19.
Починати се 25 лица, тројца пациенти од Битола на 54, 67 и 57 години во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.






