“СФЕРА Интерншнал“ донираше три уметнички дела на Здравствениот дом „Др. Хаим Абраванел“ – Битола, поставени во Службата за итна медицинска помош.
Делата со наслов „3 seconds memory“ се создадени од Снежана Петкович, уметник од Нови Сад, Србија, и беа изработени за време на уметничката колонија, во склоп на проектот ECHO (European Cultural Heritage Onstage), ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, каде што СФЕРА беше партнер организација.
За време на оваа уметничка колонија во Битола, 4 уметници од Грција, Србија и Бугарија и Македонија твореа со цел поврзување на современи уметнички креации со темните културни наследства на локални заедници во Европа.
Сите дела кои што беа создадени за време на ликовната колонија беа донирани на институции кои се во соработка со Сфера Интернешнал, а тие се: ДЛУБ – Друштво на Ликовни Уметници на Битола, Средното Општинско Техничко Училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, и Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.






