Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со повремено засилен северен ветер

Денес, понеделник, 14 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Уште од изутрина ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата во Битола до 8°С.

Утре, вторник, 15 декември, во Битола времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 9°С.