Денес, вторник, 15 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Во вечерните часови по котлините ќе започне да се формира магла. Температурата во Битола до 9°С.
Утре, среда, 16 декември, во Битола, времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот. Температурата во Битола до 7°С.






