Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана кога напаѓачот ве фаќа од напред за рамена

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа од напред, со примена на техника од реален аикидо.

Одбрана од нападот кога доаѓа однапред, започнува со фаќање со двете раце за рамена. Потоа се продолжува на тој начин што со десната рака нанесуваме удар во брадата на напаѓачот, а потоа продолжуваме со десната рака да туркаме право надолу и изведуваме надворешно избивање со нашата десна нога на десната нога на напаѓачот. На крај го рушиме на тлото, а нанесуваме со десната рака удар.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

 

More from СоветиMore posts in Совети »