Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола умерено облачно со слаб ветер од јужен правец

Денес, среда, 16 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. Ќе има појава на магла и ниска облачност кои можеби ќе се задржат и во текот на денот. Температурата во Битола до 7°С.

Утре, четврток, 17 декември во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 8°С.